Ракомет
Белорусија е вториот патник од групата А во наредната фаза на Европското првенство
Белорусија е вториот падник од групата А за наредната фаза од Европското првенство. Со 35-26 селекцијата на Белорусија славеше над Црна Гора и купи билет за следната фаза.
Валјупов мечот го заврши со седум гола, додека Шилович и Каралек дадоа по пет, а кај балканската селекција Липовина заврши со пет, а Шеваљевиќ и Вујовиќ имаа по четири гола. Голманот Симиќ, пак, имаше блескави 15 интервенции, но залудно.