Ракомет
Белорусија и Србија за старт на ЕП во ракомет 2020 година
Во првиот меч од 18 часот и 15 минути во Грац се среќаваат Белорусија и Србија.
Белорусите во подготвителниот период одиграа три натпревари на кои забележаа исто толку победи во соочувањата со Полска, која беше домаќин на турнирот, а совладани беа и Б селекцијата на Шпанија и репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.
На спротивната страна Србија во пресрет на Европското првенство доживеа два порази во мечевите со Франција и Норвешка, а претходно имаше половичен учинок во двете соочувања со Египет.
Двете селекции до овој момент на големите натпреварувања се соочиле четири пати. Белорусија се радувале на две победи, Србија има еден триумф, а еден меч завршил без победник.
Во вториот натпревар во Грац од 20 часот и 30 минути Хрватска игра против Црна Гора, која во пресрет на шампионатот има големи проблеми со составувањето на екипата. Хрватите посакуваат злато на овој шампионат со што би ја комплетирале колекцијата на најсјајни одличја на големите натпреварувања. Во подготвителниот период избраниците на Лино Червар не блескаа, но сепак се очекува токму тука да блеснат во полн сјај.
Во меѓусебните соочувања Хрватите во четири натпревари имаат три победи, а еднаш на триумф се радувала Хрватска.
Двата натпревари денеска ќе можете да ги следите низ директен пренос на програмата на Телма телевизија.