Connect with us

Кошарка

Бен Симонс може да го преиспита својот став за играње за Филаделфија

Кошаркарот Бен Симонс може да ја преиспита својата одлука за неиграње за тимот. Симонс е казнет со 360.000 долари за пропуштање на претсезонскиот меч со Торонто во понеделникот.

Австралиецот не пристигна на тренинг кампот на Сиксерс и јасно стави до знаење дека повеќе нема да игра за Филаделфија, дури и ако тоа го чини милиони долари.

Сепак, според новинарот на „Фили Војс“, Кајл Нјубек, Симонс почнува да ги чувствува финансиските последици од неговата одлука.

Претставниците на играчот разговараа со синдикатот на кошаркарки во НБА-лигата, при што им беше кажано дека нема да можат да ги вратат парите одземени од платата на играчот.

Симонс може да загуби 1,4 милиони долари во казна доколку ги пропушти сите четири претсезонски натпревари.

Исто така, дефанзивецот ќе загуби околу 7,2 милиони доколку го пропушти првиот месец од сезоната. Дури и да оди во нов тим на Симонс нема да му бидат вратени парите што ќе ги загуби поради казни.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама