Фудбал
Беневенто не се шегува: Пристигнува уште едно познато име?
Беневенто ќе игра во Серија А повторно следната сезона.
Вештерките ја обезбедија титулата во втората лига седум кола пред крајот, што никој не успеа да го направи уште од 1978 година, кога истиот подвиг го направи Асколи, а заслугите за тоа му припаѓаат на Пипо Инзаги.
За да се избегне кошмарот од сезоната 2017/2018. кога клубот остана прикован на дното на Серија А, веќе полека се подготвуваат за претстојниот трансфер период и познати се имињата на неколку фудбалери што Инзаги би сакал да ги донесе.
Марек Хамшик се споменува како желби на Беневенто уште од претходно. Даниел Стариџ, Фернандо Љоренте, а трансфер експертетот Џанлука ди Марцио откриваат дека „вештерките“ би можеле да бидат засилени и од Андре Шурле.
Поранешниот фудбалер на Челси се врати во Борусија Дортмунд по позајмицата во Спартак, но бидејќи не е во најтесните планови на ’Милионерот’, наводно тој самиот не би имал ништо против да ја замени Германија со Италија.
Во меѓувреме, Беневенто го обезбеди потписот на Лоик Реми кој исто така беше дел од Челзи, а Беневенто доаѓа како слободен агент од Лил. Французинот веќе дојде на лекарски прегледи и се очекува потврда за трансферот во секој час.