Connect with us

Фудбал

Бенфика го донесе најскапото засилување во историјата

Лисабон, 5 септември 2020 (МИА) – Уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњез потпиша договор со Бенфика, објави португалскиот клуб. 21-годишниот напаѓач дојде од шпанска Алмерија за 24 милиони евра и со тоа стана најскапото засилување на Бенфика во историјата.

Нуњез потпиша петгодишен договор, а откупната клаузула е 150 милиони евра. Алмерија исто така ќе добие 20% од следната продажба.

Минатата сезона, во втората шпанска лига, Сегунда, тој одигра 30 натпревари и постигна 16 погодоци со две асистенции.

Дебитираше за репрезентацијата на Уругвај и постигна еден гол.

loading...

Бенфика со доведување на Нуњез ги победи бундеслигашките клубови, откако Волфсбург понуди 20 милиони, а Лајпциг беше многу заинтересиран.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com