Connect with us

Фудбал

Бенфика за уругвајскиот напаѓач одреди цена од 60 милиони евра

Португалскиот гигант Бенфика одреди цена од 60 милиони евра за својот уругвајски напаѓач Дарвин Нунес , информира „А Бола “.

22-годишниот уругвајски репрезентативец е во полето на интерес на клубови како Интер , Милан , Тотенхем , Арсенал и Вест Хем . Оваа сезона тој постигна импресивни 26 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Според информациите на „А Бола“, фаворити за неговиот потпис се италијанските гранди. Интер е пред разделба со Лаутаро Мартинез и веќе бара негова замена.

Се чини дека е потешко да се пресели во Милан, бидејќи „росонерите“ многу внимателно ги трошат парите.