Фудбал
Бензема даде поддршка на Палестинците во појасот Газа, а потоа доживеа навреди од израелски фудбалер: Ти си ку*кин син!
Францускиот напаѓач Карим Бензема е еден од ретките кој проговори за израелско-палестинската војна, особено ако се земе предвид дека им даде поддршка на луѓето кои живеат во Појасот Газа, а очекувано неговата објава крена прашина. Има навивачи кои се согласија со него или го осудија за ваквата политичка порака, но ретко кој очекуваше дека поради тоа ќе влезе во војна со други фудбалери.
Така на Твитер го навреди поранешниот израелски репрезентативец Давид „Дуду“ Ауате, поранешен член на Расинг од Сантандер, Депортиво Ла Коруња и Мајорка. И тоа го направи на дури пет јазици… Само за Бензема да биде целосно јасен што мисли за неговиот потег и поддршката за Палестина.
„Ти си кучкин син“, напиша тој на израелски, француски, англиски, арапски и шпански, па се чини дека напаѓачот на Ал Итихад ќе разбере бидејќи зборува најмалку три јазици.