Connect with us

Фудбал

Бензема е новиот рекордер на Реал Мадрид

Карим Бензема влегува во кругот на вистинските легенди на Реал Мадрид. Веќе 12 сезони е во дресот на „Кралевите“. По градското дерби против Атлетико, тој влезе во клупската историја. Стана рекордер странец по бројот на настапи за Реал со 528 одиграни официјални натпревари.
На оваа вечна листа сега го мина Роберто Карлос која имаше 527 мечеви.
Инаку на севкупната листа со најмногу настапи за Реал во неговата историја, сега Карим Бензема изби на осмото место.