Фудбал
Бензема е пред Ди Стефано, само Раул и Кристијано Роналдо имаат повеќе голови за Реал Мадрид во Ла Лига
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ја престигна легендата Алфредо ди Стефано по бројот на голови за „лос бланкос“ во Примера. Со својот победнички гол во пресвртот 3:2 против Севиља во неделата вечерта, 34-годишниот Французин сега може да се пофали со 217 гола со белиот дрес во шпанското првенство. Ди Стефано има 216, а само двајца имаат повеќе голови за „лос меренгес“ во Ла Лига – Раул Гонзалес Бланко (228) и Кристијано Роналдо (311).
🐐 – Most La Liga goals for @realmadrid
311 – Cristiano Ronaldo
228 – Raúl
217 – @Benzema (+1)
216 – Alfredo Di Stéfano#SevillaFCRealMadrid #LaLiga— Gracenote Live (@GracenoteLive) April 17, 2022
Бензема во досегашниот дел од сезоната има 39 гола и 13 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања. Во Ла Лига , ветеранот има постигнато 25 гола, 12 пати го погодил голот во Лигата на шампионите и има 2 гола за шпанскиот Суперкуп.
Реал Мадрид , пак, делува се понедостижно на врвот во Шпанија, откако веќе со 15 бода предност пред второпласираната Барселона , која има уште 2 натпревари помалку до денес, и вечерва го прифаќа борецот за опстанок во елитен Кадиз.