Фудбал
Бензема ќе го продолжи договорот со Реал, ќе заработува 11 милиони евра годишно
Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022 година.
Веста ја објави шпанскиот спортски весник Марка, според кој Бензема ќе заработува 11 милиони евра годишно.
Инаку, Бензема е во најдобра форма во својата кариера во последните две сезони откако Роналдо го напушти Реал.
Минатата сезона тој постигна 30 гола на сите натпреварувања.
Бензема дојде во Реал во 2009 година и постигна вкупно 154 гола.