Connect with us

Фудбал

Бензема: Кристијано Роналдо се уште не ми честитал за Златната топка

Францускиот ас Карим Бензема, кој ја освои Златната топка, откри дека неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо допрва треба да му честита за наградата.

Португалецот не му се јави за да му честита за големото индивидуално признание кое го освои пет пати во кариерата.

Не, тој се уште не ми честитал“, изјави Бензема за француските медиуми.

Карим Бензема и Кристијано Роналдо беа соиграчи во Реал Мадрид девет години, од 2009 до 2018 година.