Connect with us

Фудбал

Бензема постигна гол во својата 16-та последователна сезона во ЛШ

Мадрид, 28 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна гол синоќа на гостинскиот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах (2:2).

Французинот стана само вториот играч кој постигнал гол во 16 последователни сезони во Лигата на шампионите. Претходно ова му успеа само на капитенот на Барселона, Лионел Меси.

Поранешниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс исто така постигна гол 16 сезони, но не по ред, како Меси и Бензема, туку во текот на целата своја кариера. зс/