Connect with us

Фудбал

Бензема шест години не играше за репрезентацијата, сега се враќа, еден детаљ на Твитер никогаш не сменил

Вечерва Дидие Дешамп ќе го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на Европското првенство кое почнува на 11 јуни, а ќе трае до 11 јули. Во составот се враќа и Карим Бензема, кој шест години не играше во репрезентацијата. Одличните партии во дресот на Реал Мадрид го вратија во националниот тим. Но, Бензема иако шест години не играше во репрезентацијата, сепак на Твитер никогаш не го избришал детаљот со кој вели дека е член на репрезентацијата на Франција.