Connect with us

Фудбал

Бензема за поранешен соиграч: Јас ја кажав вистината, а во споредба со Роналдо, јас сум картинг

Карим Бензема одговори сликовито на прашањето дали Оливие Жиру е подобар фудбалер од него.

„Не ја споредувајте Формула 1 со картинг. И јас сум сепак пристоен … Знам дека сум Формула 1″, изјави напаѓачот на Реал, кој не игра веќе пет години во Франција, а беше исфрлен поради скандалот со уценување на соиграчот Матје Валбуена.

Жиру, од друга страна, беше протимец кај „Триколорите“ кој го освои светското злато во 2018 година, но на Бензема не му е грижа, па повторно го исмеа поранешниот репрезентативец.

„Ја кажав вистината, таа е таква како што е“, рече Бензема на Инстаграм и продолжи:

„Она што не беше напишано беше она што го кажав за неговиот придонес во Франција. Беше напишано само она што реков дека сум Формула 1, а тој картинг. Тоа е она што го мислам, и тоа е вистина. Ако ме прашате за споредбата со Роналдо Назарио ќе кажам кажам дека тој е Формула 1, и јас картинг. И тоа е вистина“, подвлече 32-годишниот напаѓач.

Жиру одигра 91 натпревар за Франција и постигна 39 гола, при што Бензема запиша 18 настапи помалку и 12 голови помалку од него.