Фудбал
Бербатов за Погба: Нема потреба некој да се сомнева во неговата желба
Сè уште не е познато дали Пол Погба ќе го напушти Ман наскоро. Јунајтед
Ова одамна се шпекулира, иако Оле Гунар Солскјаер неодамна изјави дека навивачите на Јунајтед не треба да се грижат, и дека Французинот сигурно ќе го гледаат на „Олд Трафорд“ следната сезона.
Погба оваа сезона повеќе е повреден отколку што игра, а се поврзуваше со Реал Мадрид уште од минатото лето. Тој е многу ценет од Зинедин Зидан и сигурно нема да ја пропушти можноста да го донесе.
Поранешниот напаѓач на Јунајтед, Димитар Бербатов смета дека бројните критики делуваат на психата на Французинот.
„Овие критики се неоправдани. Тој секогаш е нападнат, без оглед дали е виновен или не. Тој дава се од себе за да се вклопи и нема потреба некој да се сомнева во неговата етика и желбата да биде уште подобар. Играњето фудбал е сè што сака“, рече Бербатов.
Тој верува дека ќе остане во Јунајтед, но е свесен дека има клубови кои со задоволство би го донеле.
„Се надевам дека ќе се вклопи и ќе го заобиколат од повредите. Само тогаш тој може да го направи она што го знае. Секако дека ќе има екипи кои би го ставале во своите редови. Тка се Реал, Јувентус и слично …“, додаде Бербатов.