Тајмаут
Берберот на Роналдо е пронајден мртов во хотелска соба во Швајцарија
Берберот е избоден до смрт во хотелска соба во Швајцарија.
Рикардо Маркес Фереира беше пронајден мртов во кревет од еден од чистачите во хотелот Цирих во петокот.
39-годишен маж е уапсен за неговото убиство. Уапсениот е од бразилска националност. Португалскиот медиум Кореио да Манха денеска објави дека жртвата е берберот на Кристијано Роналдо.
Берберот од островот Мадеира објави фотографии на социјалните мрежи од фото-сесијата на Роналдо во септември 2015 година.
Фереира е пронајден мртов во кревет со повеќе рани од нож.
Оружјето не било пронајдено на местото на настанот.
Мотивите за неговото убиство допрва треба да бидат утврдени.