Connect with us

Други спортови

Беретини ја освои својата прва АТП титула

Матео Беретини ја освои првата АТП титула во кариерата, победувајќи го 17-тиот светски тенисер во светот во финалето на турнирот во Гштад, Швајцарија.

Италијанецот беше подобар од Роберто Баутиста Агут (Шпанија), по два сета, 7-6, 6-4.

Беретини, 84. играч во светот, победи за еден час и 45 минути. Во првиот сет, немаше брејк, па сетот беше решен по тајбрејк и му припадна на Италијанецот по 11:9.

Беретини во последниот 10-ти гем од вториот сет направи брејк и ја освои првата АТП титула.

Пред турнирот во Гштад, Беретини успеваше да стигне само до четвртфиналето во натпреварувањата организирани од АТП.

Баутиста Агут се обидуваше да ја освои третата титула во сезоната.