Фудбал
Берлускони го сака Несторовски во неговиот нов тим
По само една сезона во дресот на Удинезе, постои голема веројатност Илија Несторовски да ги смени клупските бои следната сезона. Има интерес за неговите услуги од неколку италијански тимови, како што се Бреша, Кротоне и Фросиноне. Но, интересно е тоа што, според италијанските медиуми Несторовски го сакаат Силвио Берлускони и Адријано Галијани, некогашните први луѓе на гигантот Милан. Но, откако го продаде Милан, Берлускони сега е сопственик на Монца, која сезонава се пласираше во Серие Б, а како што самиот бизнисмен и политичар изјави, целта е италијанската елита.
Останува да се види каде Несторовски ќе ја продолжи кариерата.