Connect with us

Тајмаут

Берлускони на играчите на Монца ветил цел автобус проститутки, го победија Јувентус, дали ќе го исполни ветувањето? (ВИДЕО)

Монца направи сензација и го совлада Јувентус со 2:0 во Торино. Со оглед на тоа дека во првиот дел од сезоната славеа до 1:0, Монца е само втората екипа во историјата на италијанскиот фудбал која победила против Јуве во првите два меѓусебни дуели по Интер во 1930-та година.

На социјалните мрежи се појави видео од говор на Силвио Берлускони, сопственик на Монца, кој ветува полн автобус проститутки за играчите како мотивација за победа против Јувентус или Милан. Монца го победи Јувентус, а против Милан играат следноиот месец. Дали ќе исполни ветувањето останува да се види.