Фудбал
Берлускони воведува ред: Нема тетоважи и брада, веќе им најдов фризер
Силвио Берлускони некогашниот премиер на Италија и сопственик на Милан пред неколку дена го финализираше купувањето на третолигашот Монца и веќе започна да владее со „железна тупаница“.
„Тоа ќе биде млада екипа составена во потполност од италијански играчи. Косата ќе мора да им биде уредна, веќе им најдов фризер во Монца кој рече дека бесплатно ќе ги потстрижува“, изјави Силвио Берлускони, па продолжи да ги открива своите планови:
„Нема брада, нема тетоважи и нема да можат да носат многу обетки. Ќе бидат пример за почитување на теренот, ќе им се извинуваат на своите противници во случај на фаул, а со судијата ќе се однесуваат како џентлмени“.
„Ако некој им побара автограм своето име и презиме ќе го напишат читко, а не како чкртаници и секогаш ќе излегуваат пристојно облечени… Сакам нешто поинакво во модерниот фудбал“, додаде некогашниот сопственик на Милан.