Кошарка
Бертомеу: Една од најтажните одлуки во историјата на Евролигата
Одлучено е дека суспендираната сезоната во Евролига поради новата пандемија на коронавирус ќе биде целосно запрена.
Набргу по официјалната потврда дека сезоната во Евролигата (и Еврокуп) нема да продолжи, се најави самиот извршен директор на организацијата на натпреварувањето, Жорди Бертомеу.
Тој посочи дека одлуката да се запре натпреварувањето е исклучително тешка, можеби најтешка во професионалните кариери на лидерите на Евролигата.
„Направивме тешка одлука, една од најтажните во историјата на Евролигата. Но, мислиме дека ја донесовме најдобрата одлука за сите“, рече Бертомеу и додаде дека се надева дека следната сезона ќе биде “најдобрата сезона досега, исто како и сезоната 2019/20 година што беше најдобрата до моментот на суспензијата“.
За прв пат, нема да има шампиони во Евролигата.
„Не гледам дека некои екипи загубија повеќе од другите, сите ние сме губитници оваа сезона“, рече Бертомеу.
„Мислам дека ова беше тековен процес на набудување на елементите што требаше да се земат предвид. Информативниот процес што нè доведе до заклучок дека не можеме да им дадеме на навивачите нивото на конкуренција на која се навикнаа … Најавивме дека ќе донесеме одлука на 25.05. не сакавме да го одложиме тоа, да додадеме повеќе информации затоа што тоа ќе создаде домино ефект. Ако ја одложиме одлуката, сè друго ќе требаше да се одложи“, продолжи извршниот директор на Евролигата.
„Мислам дека главниот проблем беше краткиот период на подготовка. Некои играчи се уште се дома, не можат да се вратат. Некои од нив не се во можност да тренираат и да работат заедно. Тие се затворени во домовите скоро два и пол месеци, така би било и за нив за нив беше многу тешко да се вратат и да играат на ниво што го бара ова натпреварување“, рече, меѓу другото, првиот човек на Евролигата.