Фудбал
Беше исмејуван и понижуван, а потоа дојде натпреварот против Ливерпул
Манчестер Јунајтед успеа да го победи Ливерпул со 2:1 во големото дерби и со тоа да стигне до првиот триумф во новата сезона.
Лисандро Мартинез, кој беше понижен по воведните натпревари поради неговиот изглед, беше еден од најдобрите поединци на играта.
Ерик тен Хаг го донесе 24-годишниот дефанзивец, висок скромни 175 сантиметри, од Ајакс за повеќе од 60 милиони евра, а многумина тоа го доживеаја како неуспех.
Аргентинецот беше страшен против Брентфорд и Брајтон. На натпреварот против Пчек, Тен Хаг на полувремето го остави минијатурниот стопер во соблекувалната.
После тоа се јави Џејмер Карагер, дежурниот критичар на се за Јунајтед и воопшто не го поштеди Мартинез.
„Никогаш не треба да ги судиме менаџерите или играчите прерано, но убеден сум дека тоа не може да функционира поради неговата висина во бековската линија. Можеби тој би можел да биде лев бек, можеби би можел да игра во одбраната со тројца стопери, но како стопер со четворица не може да се врати назад“, изјави Карагер.
Lisandro Martínez vs. Liverpool. 🇦🇷pic.twitter.com/vfGzf4pxKU
— Roy Nemer (@RoyNemer) August 23, 2022
Сепак, Тен Хаг ја задржа вербата во Мартинез и го испрати на теренот со Рафаел Варан од првата минута против „црвените“.
Мартинез се одмазди со тоа што беше најдобриот играч на Јунајтед чии навивачи за прв пат видоа зошто Мартинез го носи прекарот „Месарот“.
Lisandro Martinez’s game by numbers vs. Liverpool:
100% successful dribbles
82% pass accuracy
41 touches
5 final third passes
5 long balls
3 ball recoveries
7 clearances
1 blockPhenomenal game. 🇦🇷 pic.twitter.com/yHcJOItUp9
— Statman Dave (@StatmanDave) August 22, 2022
И покрај неговиот релативно низок раст, тој нема почит кон никого и е повеќе од подготвен да заглави или да го стави своето тело на линија за да победи. Покрај импресивната борбеност, Мартинез е одличен и на топката.
Покрај тоа што имаше импресивна статистика, тој мораше да ги извади и сопствените соиграчи, па неговиот гол спас по лошата реакција на Бруно Фернадес долго ќе се памети.
Нема сомнеж дека Мартинез им се одмазди на сите критичари, но една ластовичка не прави пролет, па ќе мора да продолжи со истото темпо и на претстојните натпревари.