Тајмаут
Беше меѓу фаворитките за медал на Олимписките игри, но и забранија да пуши цигари и сега е меѓу последните
Познатата британска голферка Чарли Хал (28) беше меѓу фаворитите за медал на Олимписките игри во Париз, но сега по три дена натпреварување се најде на чело на најлошите натпреварувачки и најде причина за тоа. Имено, Меѓународниот олимписки комитет го забрани пушењето цигари на спортистите за време на Олимписките игри, а токму тоа ја чинеше Хал добар пласман.
Хал мислеше дека може да освои медал за Велика Британија, но забраната за пушење цигари ја спречи во тоа, а пред последниот ден од натпреварувањето беше само на 54. место од 60 натпреварувачи.
-Навикната сум да пушам цигари додека играм поради мојата здравствена состојба, вели таа.
На Хал минатата година и беше дијагностицирано пореметување со дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД), а пушењето цигари и помага подобро да се концентрира, а на големите турнири често ја гледаат со цигара во устата за време на натпреварот.