Connect with us

Други спортови

Беше подложен на страшни удари во главата, но молчеше поради договорот: „Морав да ги земам тие пари“

Повредите на главата кај професионалните спортисти се најстрашното нешто што може да се види.

Речиси секој спорт носи огромен ризик од повреда на главата. Најчести се потресите на мозокот, а спортот во кој речиси на секој натпревар гледаме жестоки удари во главата е американскиот фудбал.

Последен кој се здоби со сериозна повреда на главата е бекот на Мајами Делфинс, Туа Таговаилоа, а претходно бевме сведоци и на крајно грозоморни сцени од теренот.

На оваа тема за американските медиуми зборуваше поранешниот НФЛ играч Брендон Маршал. Тој откри дека често играл со потрес на мозокот бидејќи не сакал да остане без договор.

Мислев дека ако ја напуштам играта ќе го изгубам договорот кој навистина го посакував. Имав договор на една година, а бекот буквално ми ја симна главата од раменици, изјави Маршал и продолжи:

„Првото нешто што ми падна на памет беше да се соберам што е можно поскоро. Би останал на колена додека не се случи тоа, ако се влечкам, ќе влезам во протоколот на повреден и се плашев да не останам без договор од 50 милиони долари“.

„Морав да се грижам за семејството. Мајка ми спиеше во мотел, сестра ми имаше две деца и едвај преживуваше. Играв без разлика на се само за да го добијам најдобриот можен договор“.

Последиците за Маршал беа навистина тешки.

„По ударите

во следните две или три недели, не можев да ги затворам очите, не можев да ги врзам врвките од чевлите. Сето тоа молчев“, рекол Маршал.

За време на неговата 12-годишна кариера во НФЛ, Брендон Маршал играше за Бронкос, Делфинс, Мечки, Џетс, Џајантс, Сихоукс и Сентс.