Фудбал
Беше светски првак, еден од најдобрите во Германија, но реши да се пензионира иако има 29 години
Андре Шурле заминува во пензија. Како што би се рекло во фудбалски жаргон, ќе ги обеси копачките на клин, иако има 29 години. Информацијата самиот ја потврди, иако звучеше зачудувачка за многумина, бидејќи можеше да игра уште некоја година.

Последен негов тим во кариерата ќе биде Борусија Дортмунд, а претходно играше за Мајнц, Леверкузен, Челзи, Фулам, Волфсбург и Спартак Москва. За Германија забележа 57 мечеви, постигна 22 голови, а токму тој во финалето на СП во Бразил, беше асистент при голот на Марио Геце со кој „Панцирите“ станаа светски прваци.