Фудбал
Беше тренер на Милан, но како никогаш да не седнал на клупа „Тоа беше како на излет, јас не го ни водев тимот“
Актуелниот тренер на Милан Стефано Пиоли пристигна во клубот во октомври 2019 година, откако Марко Џампаоло беше отпуштен.
Џампаоло беше еден во низата тренери кои се обидоа да ги вратат Росонерите на врвот на италијанскиот фудбал, но тоа не успеа.
Тој го водеше тимот во само седум натпревари. Тој имаше учинок од три победи и четири порази, а клубот реши да му врачи отказ.
Џампаоло вчера проговори за престојот во Милан откако неговата Сампдорија претрпе пораз од 1:0 на Сан Сиро. Тој мисли дека немал реални шанси.
„Дојдов на вистинското место, но во погрешно време“, ја започна приказната 54-годишниот експерт и продолжи:
„Верувам дека заслужив шанса да го водам тимот, но не требаше да заврши така како што заврши“.
„Седум натпревари се како на излет. Немав време да направам ништо. Имав 13 играчи на располагање. Денес ова е сосема поинаков Милан“, изјави Џампаоло.
54-годишниот тренер по Милан кратко време го водеше и Торино, а од пред неколку недели е на клупата на Сампдорија.
Претходно во кариерата тој го водеше овој тим цели три сезони, а работеше во Емполи, Бреша, Каљари …