Фудбал
Беше ужасно во Барселона, ме тепаа, ме малтретираа бидејќи бев понизок, исповед на фудбалер на Реал Сосиедад

Еден од најталентираните играчи во шпанскиот фудбал во последните години, Такефуса Кубо, откри детали од почетокот на кариерата во школата на Барселона.
Фудбалската школа на Барселона „Ла Масија“ со години го има епитетот на една од најдобрите во светот – еднаш „испаднаа“ асовите кои Пеп Гвардиола фантастично ги вклопи во тимот кој многумина фудбалски фанови го сметаат за најдобар на сите времиња. . Но, академијата на славниот шпански клуб крие и некои тајни, кои барем делумно ги откри јапонскиот фудбалер Такефуса Кубо (22), поранешен играч на овој клуб и на Реал Мадрид. Првотимецот на Реал Сосиедад и еден од најатрактивните играчи за гледање во шпанската лига откри дека во текот на четирите години во школата на Барселона бил тепан од соиграчите кои биле поголеми и посилни од него!
„Кога имав само 10 години, Барселона ме покани во Ла Масија. Бев пресреќен затоа што сакав да одам во Ла Масија по секоја цена. Дури подоцна сфатив дека она што го доживеав таму беше буквално „по секоја цена“ затоа што ја платив премногу“, рече Кубо и продолжи:
„Бев најнизок во студентски дом полн со момчиња. Освен тоа, многу од момчињата беа многу посилни од мене. Од самиот почеток, ме гледаа од висина и се плашев да не успеам.Не сакам да кажувам детали…Се трудев да не ме малтретираат, но не успеав бидејќи бев премногу низок. Поголемите момчиња ме тепаа со тупаници. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи околината во Ла Масија беше ужасна. Сакам да ви кажам дека ако работите напорно, ќе успеете“. По четири години поминати во Барселона, Кубо реши да се врати во родната земја. Пристигна во тимот на Токио каде помина една година во јуниорските категории, потоа две години во тимот до 23 години, а подоцна беше и член на првиот тим. Тој отиде на позајмица во Јокохама Маринос, за да биде купен од Реал Мадрид во јуни 2019 година!
Сепак, тој никогаш не играше за најголемиот клуб во светот – тој повторно отиде на позајмица во Мајорка, Виљареал, Хетафе и Мајорка, пред да биде купен од Реал Сосиедад во јуни 2022 година. Оттогаш е стандарден првотимец на тимот од Сан Себастијан, а за една од двете најпознати екипи од Баскија одигра 51 натпревар, постигна 13 гола и 10 пати асистираше!