Connect with us

Фудбал

Беше ѕвер, имаше топовски удар, сега нема шанси да го препознаете: Дрогата и алкохолот го уништија, вака изгледа на 37 години! (ФОТО)

Фреди Гуарин падна, но не се откажува и се надева дека со помош на верата и сопругата ќе може да стане!

Тешко дека би го препознале Фреди Гуарин доколку го видите на улица! Поранешниот играч за врска на Порто, Интер, Бока Јуниорс и Сент Етјен, некогаш еден од најподготвените фудбалери во светот, сега е непрепознатлив. Иако има 37 години и многу негови врсници се уште играат на врвно ниво, Гуарин ја заврши кариерата во 2021 година, а сега веќе се забележува големиот вишок килограми што го има.

„Не плашете се од тоа што го зборуваат, плашете се дека ќе дозволите некој дел од ова општество да ве однесе дека тоа што тие сакаат е да ве видат во лоша состојба. Ако паднете 1000 пати, станете по 1001 пат. Ние сме Божји дела, не се сомневајте дека тој има прекрасни проекти за сите нас“, напиша Колумбиецот покрај сликата за тоа како изгледа сега.

„Мојот живот целосно се промени. Солзите што ги гледате на фотографијата се од човек полн со пороци, грешки, гревови и многу други работи. Луѓе мои, време е да ја отвориме вратата на Бога и Тој да не води кон вистинскиот пат“, напиша поранешниот централен играч за врска за кој беше откриено дека се скарал со родителите!

Во кариерата заработи многу пари, особено кога во 2016 година замина од Интер во Кина, а покрај сите проблеми, убавата Паулета Пастрана цело време остана во брак со него и му е најголема поддршка во обидите да излезе од кризата.