Connect with us

Фудбал

Беше ѕвезда со генерацијата на Џерард, освои ЛШ, заработуваше милиони, а потоа банкротираше

Многу спортисти заработуваат огромна сума на пари во текот на кариерата, а после или во текот на кариерата банкротираат. Таков е случајот со поранешниот норвешки лев бек Џон Арне Рисе. Го паметиме како еден од најдобрите леви бекови во светот на неговата генерација (Стивен Џерард рече дека е еден од најдобрите леви бекови што ги имаале „црвените“), и за европската титула со Ливерпул, но и за банкротот кој го снајде, но ајде да одиме по ред.

Со црвената коса и лентата што секогаш ја носеше, беше препознатлив по зелените тревници.

Рисе ја започна својата кариера во Алесунд. По една сезона играјќи во првиот тим, во 1998 година се преселил во странство и ја продолжил својата професионална кариера во Монако, Франција, станувајќи главен играч на тимот и ја освои француската титула во 2000 година.

Иако беше на мета на Фулам и Лидс Јунајтед, Рисе конечно реши да се пресели во Ливерпул во трансфер од четири милиони фунти.

Норвешкиот фудбалер дебитираше за Ливерпул во Суперкупот на УЕФА во 2001 година против Баерн и успеа да постигне гол во победата на Ливерпул од 3-2.

За осум сезони во дресот на „црвените“ одигра 234 натпревари во Премиер лигата. Иако во тој период никогаш не ја вкусил титулата во Премиер лигата, Рисе придонесе да го освои Суперкупот на Европа, а потоа и Лигата на шампионите.

2005 година со Ливерпул  успеа да го добие тој фамозен финален натпревар во ЛШ против Милан, кога губеа со 3:0, па израмнија на 3:3, а потоа на крајот и победија на пенали.

Неговата кариера во Ливерпул заврши откако беше заменет со Фабио Аурелио. Иако неколку пати беше поврзуван со други клубови од Премиершип, во јуни 2008 година, Рисе официјално потпиша 4-годишен договор со Рома во трансфер од 4 милиони фунти со плата од 2,8 милиони фунти годишно.

Неговата блескава кариера беше нарушена со банкрот.

Во 2007 година овој норвешки интернационалец банкротираше бидејќи имал долг од над 100 илјади фунти. Рисе, кој имаше неделна плата од 50.000 фунти во Ливерпул, беше прогласен за несолвентен од судот во Ливерпул.

Поради големите долгови и неможноста да плати, името на Рисе беше вклучено во списокот со стечајни статуси издадени од Службата за инсолвентност на нејзината веб-страница www.insolvency.gov.uk или државната агенција која се занимава со луѓе кои банкротирале.

Покрај тоа што е вмешан во проблем со неговиот поранешен агент, Еинар Баарсен, долговите на Рисе се верува дека биле предизвикани од неговата неуспешна инвестиција во забавни бизниси, од кои еден е во угостителскиот сектор.

Рисе дури и падна во сиромаштија поради овој шокантен инцидент. Не беше ни сигурен како да го реши својот комплициран проблем. Сепак, извор близок до Рисе изјави:

„Навистина има барања од страна на Окружниот суд во Ливерпул, но прашањето е решено од нивните адвокати. Се очекува проблемот да биде решен во блиска иднина.

По објавувањето на изјавата, Рисе на крајот ја презеде одговорноста за неговиот неуспех и мораше да го врати долгот. Во тоа време, Ливерпул исто така одби да ги коментира проблемите со кои се соочува Рисе.

Не можеме да коментираме за личните проблеми на играчите“, изјави тогаш од „Енфилд“.

Откако го напушти Ливерпул и се пресели во Италија за да се приклучи на Рома, неговата кариера продолжи да тоне. Играше само за Фулам, АПОЕЛ и Делхи Динамос додека конечно не се врати во Алесунд.

Рисе реши да ги закачи копачките на клин на 35 години. Тој одлучи да ја заврши кариерата во Алесунд, неговиот тим од детството.

Во 2016 година, поточно во август, реши да се врати од пензија и се испроба во Ченаи, Индија, но таа авантура траеше само до крајот на октомври.

Арне Рисе стана легенда и на норвешката репрезентација за која одигра 110 натпревари и постигна 16 голови.

Реклама

Facebook