Connect with us

Фудбал

Бешикташ испратил понуда за Миовски, Абердин одговорил дека понудата е смешна

Англискиот тим Саутемптон е сериозно заинтересиран за услугите на Бојан Миовски кој ина одлични настапи во дресот на Абердин. Македонецот во шкотската лига е трет стрелец со 15 погодоци, или 17 во сите натпреварувања. Но, не е само Саутемптон. Турските медиуми објавија дека Бешикташ понудил 1.8 милиони евра за Миовски, плус процент од следниот трансфер. Сепак Абердин порачал дека оваа понуда е смешна. По завршувашето на сезоната сигурно дека Миовски го чека бурен преоден рок, а дали ќе ја смени средината останува да се види.