Други спортови
Бев подготвен да умрам во кафезот
Долго време во ММА кафезот се немаа видено удари какви што Брајан Ортега ги доби во борбата со Макс Холовеј. Сепак тоа не го спречи во намерата до крај да оди напред и да ја бара својата шанса за потег со кој ќе дојде до победата.

Тој не успеа да го најде тој потег во првите четири руни во кој прими 454 удари. Но се надеваше дека тоа ќе го направи во петтата рунда. Меѓутоа, лекарот му забрани да се бори, бидејќи процени дека повеќе не е во состојба да ги издржи удрите на противникот.
Оваа одлука налути многумина кои сметаа дека на Ортега требало да му се даде уште една можност, додека други биле за тоа борбата да биде прекината и порано, односно дека требало да ја прекине тимот на Ортега.
– Лекарот ја прекина борбата и јас се согласувам со неговата одлука. Скршен нос и скршен палец, а бев подготвен да умрам во кафезот. Оваа вечер беше на Макс, но јас ќе се вратам, напиша Ортега на “Инстаграм#.
Ортега повеќе пати претходно успеа да направи пресврт во борбата во којашто губел, но Макс не му го дозволи тоа. Така по 14 победи го претрпе својот прв пораз во професионалната ММА кариера.