Поврзи се со нас

Други спортови

„Бев во шок 3 дена по триумфот во Ролан Гарос“

19-годишната полска тенисерка Ига Свиатек изјави дека по гренслем триумфот на Ролан Гарос, таа беше во состојба на шок веќе 3-4 дена.

Ова се случи, бидејќи полската тинејџерка не веруваше дека триумфирала на најважниот турнир на земјена подлога (во финалето ја победи Софија Кенин со 2-0) и го донесе првиот успех на голем турнир.

„Бев во состојба на шок 3 дена. Не можам да ви кажам какви емоции доживеав, бидејќи не се сеќавам и не ги разбирав. Сето тоа беше лудило, бидејќи мојот живот се смени целосно и се обидувам да се прилагодам на тоа. Ја напуштив Полска сосема поинаку и се вратив таму сосема поинаку, се прославив “, рече Свјатек.

Advertisement