Connect with us

Фудбал

Бев во затвор четири години! Французинот поминал низ пекол во Барселона: Не сакав ни да излезам од дома

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити не се сеќава добро на времето поминато во Барселона и истакнува дека во текот на четирите години во Каталонија се чувствувал како да е во затвор.

Во летото 2016 година, Умтити се пресели од Лион во Барса за 25.000.000 евра. Тој требаше да биде долгорочно решение на стоперската позиција, но не го искористи целиот свој потенцијал.

– Поминав четири години во затвор во Барселона, а единственото нешто што сакав беше да ме почитуваат и прифатат. Тоа се случи дури на почетокот, кога пристигнав во Шпанија од Лион и одиграв на високо ниво. После тоа почнав да чувствувам дека не ми веруваат, се чувствував лошо бидејќи сфатив дека веќе никој не ми верува – изјави Умтити.

Следеше дополнително појаснување.

– Не знам дали беше депресија, но секако беше комплицирано на сите нивоа. Се затворив во себе, одбив присуство на луѓе. Се сеќавам на период кога не сакав ни да излезам од дома. Пријателите ме советуваа дека е најдобро да излезам и да си ги разбирам мислите, но јас ги одбив и сакав да бидам сам – изјави 29-годишниот играч.

Умтити ја напушти Барса минатиот август и се пресели во Лече на позајмица. Тој има договор со Каталонците до 2026 година, но јасно е дека крајот на соработката ќе дојде веќе летово.