Connect with us

Фудбал

Бевме наивни, но тие се мајстори за да изнудат фаул

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, никако не може да се соочи со суровата реалност и да сфати дека неговиот тим го загуби големиот дерби натпревар против актуелниот шампион на Италија, екипата на Јувентус.

Петочната пресметка на “Алианц арена”, заврши со минимален триумф на “старата дама”, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ.

По натпреварот, трофејниот италијански стручњак изјави дека дербито е загубено поради едно невнимание, но додаде дека противникот е мајстрор кога е во прашање трошењето на времето.

-Одигравме добар меч, но не бевме константни во текот на целата средба. Имаше и блесоци, но и грешки. А дерби можеш да загубиш и по едно невнимание. Јувентус направи многу помалку грешки и затоа на крајот славеше. Морам да кажам и дека сме наивни, а тие се мајстори за да изнудат фаул и да ќарат пет минути од времето кога тоа им оди во прилог. Но, таков е фудбалот, и треба да се прилагодиш на се за да победиш, изјави Спалети.