Connect with us

Фудбал

„Без драма ми амиго“ – уникатна реакција на Мурињо за заминувањето на Унаи Емери

Унаи Емери денеска беше разрешен од тимот на Арсенал. Шпанецот повеќе нема да биде во првите редови на лондончаните и веста за неговото заминување не е добро прифатена од другите тренери во Премиер лигата.

Жозе Мурињо, Јирген Клоп, Пеп Гвардиола и Френк Лампард зборуваа за неговото заминување. Коментарот на Жозе Мурињо останува најуникатен од другите.

„Жал ми е секој пат кога ќе слушнам дека тренер доби отказ. Јас го искусив тоа како дете кога татко ми го отпуштија. Јас и сам го доживеав тоа како тренер и воопшто не е добро. Емери е одличен тренер. Тој одлично се снаоѓа во различни лиги, во Арсенал тој не беше среќен. Сигурен сум дека ќе одмори малку и ќе води уште еден одличен тим. „Без драма ми амиго“ “, рече Мурињо.