Поврзи се со нас

Фудбал

Без изненадувања: Ханси Флик е тренер на сезоната

Женева, 1 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик е прогласен за најдобар тренер од страна на УЕФА за минатата сезона. Во тројката тренери се двајца негови сонародници – Јирген Клоп (Ливерпул) и Јулијан Нагелсман (РБ Лајпциг).

Доминацијата на Германија продолжува со четвртото место, на кое остана Томас Тухел (ПСЖ). Петтата позиција е за Џан Пјеро Гасперини, кој ја предводеше Аталанта во многу силна сезона.

Напредокот на Флик беше извонреден. За само неколку месеци ги освои скоро сите трофеи со Баерн. Во јули 2019 година, стручњакот беше назначен за асистент на Нико Ковач на „Алијанц Арена“. Во ноември истата година, тој стана главен тренер на тимот. Потоа следуваше еден од најсилните периоди во историјата на клубот.

Под негово водство, Баварците ги освоија титулата и Купот во Германија и Лигата на шампионите, а потоа ги додадоа и Суперкупот на Европа и Суперкупот на Германија.

Тимот запиша серија од 22 последователни победи и 32 последователни натпревари без пораз.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама