Connect with us

Ракомет

Без победник на дуелот Шпанија – Хрватска!

Денес во Виена се одигра натпревар во рамки на групата 1 на Европското првенство помеѓу репрезентациите на Хрватска и Шпанија. Тоа беше натпревар кој го реши првото место во групата, бидејќи и двете селекции го обезбедија полуфиналето уште порано.

На крајот, натпреварот заврши со резултат 22:22, што одговараше на Шпанија која оди во полуфиналето како првопласирана.

Првото полувреме донесе неизвесност, игра за гол за гол, а Шпанците на одмор заминаа со предност. По 30 минути игра, резултатот беше 12:11 во корист на Шпанија.

Сепак, Шпанија фантастично го отвори второто полувреме, со серија 6-1 и стигнаа до убедлива предност.

Шпанците имаа 20:14 на средина на второто полувреме, но потоа Хрватска целосно се врати во игра, Марко Мамиќ пет минути до крајот погоди за израмнување – 21:21.

На две минути пред крајот на натпреварот, искусниот Дувњак по долго време го погодува првото водство на Хрватска. Беше 22:21 во тој момент.

Сепак, Шпанија бргу се изедначи, па последната минута дојде со нерешено.

Дувњак ја погоди стативата во последниот напад на Хрватска, па Шпанците ја чуваа топката само до крајот на играта, бидејќи нерешено му одговараше за првото место во групата.

Затоа Шпанија се најде на првото место во својата група, така што во полуфиналето ќе играат против вицешампионот од групата 2. Тоа ќе биде или Норвешка или Словенија.

Хрватска во полуфиналето ќе се соочи со приот од групата 2.