Connect with us

Фудбал

Без разлика дали сезоната заврши или не Клоп веќе отпиша шест фудбалери

Чекајќи нови информации за продолжување на фудбалската сезона, клубовите веќе работат на „реновирање“ на тимот за следната сезона.

„Скај Спорт“ од Велика Британија известува дека Јирген Клоп веќе отпишал шест фудбалери и дека немаат место во соблекувалната на „Енфилд роуд“ за следната сезона.

Германскиот стручњак на клупата на „црвените“ ги отпиша Дејан Ловрен, Дивок Ориги, Џердан Шаќири, Наби Кеита, Лорис Каирус и Натаниел Клин.

Ова се играчи кои претежно добиваат шанса надвор од клупата, најголемо изненадување е секако Наби Кеита. На 25-годишниот фудбалер му беа платени 60 милиони евра пред две години, но тој очигледно не игра како што се очекуваше.

Клин одамна е отпишан, исто како Каирус кој е на позајмица во Бешикташ. Ловрен, Ориги и Шаќири играат од време на време, но Клоп јасно смета дека му требаат подобри квалитетни резерви на тие позиции.

Претходно беше познато дека „Анифелд“ како слободен агент ќе ја напушти и Адам Лалана.