Други спортови
Без Ролан Гарос оваа година?
Како што стојат работите сега Ролан Гарос најверојатно ќе се одложи.
Одложувањето на Отвореното првенство на Франција го објави и тамошната министерка за спорт, Роксана Марачинеану.
“Спортот нема да биде приоритет во нашето општество. Ние разговараме со Француската тениска федерација за да видиме дали е потребно да се смени датумот на Ролан Гарос”.
„Иако спортот на високо ниво е зачуван во Франција засега, ние се обидуваме да ги минимизираме ризиците од ширење на вирусот во професионалните спортови и ситуацијата во никој случај не е добра“, рече Марачинеану за државното радио.
Годинашниот Ролан Гарос е планиран за периодот од 23 мај до 6 јуни и останува да видиме дали воопшто ќе се игра.