Connect with us

Фудбал

Биелса близу до потпишување на нов договор со Лидс

Лидс, 20 август 2020 (МИА) – Марсело Биелса, тренерот на фудбалскиот клуб Лидс, е близу до потпишување нов договор, изјави извршниот директор на тој англиски клуб – Ангус Кинијар.

Биелса го врати Лидс во Премиер лигата, каде клубот ќе се натпреварува во претстојната сезона за прв пат по 16 години.

Договорот на 64-годишниот тренер од Аргентина истекува на крајот на сезоната, но Кинијар е убеден дека Биелса наскоро ќе потпише нов.

– Знам дека навивачите се нервозни, тоа ме прави и мене малку нервозен, но мислам дека не постои причина за тоа. Марсело е апсолутно фокусиран на работата, но како и минатата сезона, знам дека сите беа нервозни во врска со договорот, зависи од него да одвои време и да се фокусира на потпишување. Иако зборуваме скоро секој ден, главно станува збор за подготовки за сезоната, а не за договор, изјави Кинијар за Би-Би-Си.

Лидс сака да го купи дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт, кој беше на позајмица минатата сезона. Лидс испрати и трета понуда до Брајтон, од 25 милиони фунти за 22-годишниот фудбалер.

– Брајтон беше јасен дека играчот не е на продажба и тоа е начинот на кој сега стојат работите. Разговаравме, би сакале трансфер, но прифаќаме дека Брајтон сака да го задржи. Има и други фудбалери кои сакаме да ги купиме, а разговорите за тие трансфери се одржуваат во исто време, додаде Киниар.

Лидс сезоната ќе ја започне во Премиер лигата со натпревар на „Енфилд“ против шампионот Ливерпул, а извршниот директор на Лидс се надева дека навивачите би можеле да се вратат на стадионот до октомври.

– Премиер лигата работи напорно со надлежните, се водат разговори. Мислам дека има причина да бидеме позитивни и мислам дека Владата го гледа ова како приоритет, за да се вратат навивачите. Премиер лигата и сите клубови мислат дека можеме да воведеме мерки, така што навивачите да се вратат на безбеден начин, прво во мали броеви, но тој број би се зголемил во текот на сезоната, рече Кинијар.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com