Connect with us

Фудбал

Биелса: И во новата сезона ќе го водам Лидс

Лидс, 10 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса објави дека ќе продолжи да го води тимот и во сезоната 2020/2021.

– Оваа сезона ќе работам во Лидс Јунајтед. Сè е договорено и ќе бидам тука. Одлучено е, рече Биелса, цитиран од „Скај Спортс“.

Под водство на аргентинскиот стручњак, Лидс заврши прв во Чемпионшип дивизијата и се врати во елитата на англискиот фудбал по пауза од 16 години. Тогаш една од улиците во градот беше преименувана во чест на Биелса.

Новата сезона во Англија започнува на 12 септември. Во првото коло од Премиер лигата, Лидс игра со шампионот Ливерпул на „Енфилд“.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com