Connect with us

Други спортови

Бил Гејтс го критикуваше Новак Ѓоковиќ за ставот против вакцинација

Бил Гејтс, поранешниот најбогат човек во светот, го коментираше ставот на Новак Ѓковиќ за вакцинацијата против коронавирусот.

Гејтс многу често истакнуваше колку е важно да се вакцинираме за да се победи Ковид19, а тој потроши цело богатство на развојот на вакцината.

Во интервју за Би-Би-Си, тој ги нарече луди теориите на заговор за него и неговите наводни мотиви зад масовната вакцинација и дека смета дека е ужасно што луѓето протестираат против него на улиците.

 

Гејтс беше прашан и што мисли за одлуката на Ѓоковиќ да не се вакцинира, велејќи дека српскиот тенисер како голема тениска ѕвезда има поширока одговорност од само она што решил да го стави во своето тело или не.

„Вакцинирањето и помага на заедницата во која се наоѓате. Тие не се совршени во блокирањето на инфекцијата, но ја намалуваат инфекцијата. Затоа е жално што нечии здравствени проблеми се толку екстремни што чувствуваат дека не можат да учествуваат во заштитата на заедницата“.

 

„Ако тие се инспиративна и доверлива личност, тогаш тој ја шири, што само го отежнува постигнувањето на нивото на вакцинација што навистина ни е потребно.

 

„Значи, му се восхитувам на многу начини, но би сакал неговите ставови за вакцините да не биле такви“, заклучил Гејтс.

 

Поради одлуката да не се вакцинира, Ѓоковиќ не настапи на првиот Грен слем сезонава, бидејќи не му беше дозволен влез во Австралија.

 

Српскиот тенисер претходно во едно интервју изјави дека никогаш не бил против вакцинација, туку дека секој човек треба да има слобода да инјектира во телото и што уште не.