Кошарка
Бил во стриптиз бар, па ќе мора во карантин, ѕвездата на „Клиперси“ ќе го пропушти рестартот на сезоната
Кошаркарот на ЛА Клиперс, Лу Вилијамс ќе ги пропушти првите два натпревари од рестартот на сезоната во НБА лигата, бидејќи тој мора да биде во 10-дневен карантин,
На 33-годишниот играч на Л.А. Клиперс му е дозволено да го напушти одморалиштето во Орландо, каде што кошаркарите на НБА лигата претстојуваат за време на пандемијата на коронавирус, по смртта на таткото на пријател, објави „ЕСПН“. Но, сепак Вилијамс беше снимен во стриптиз клубот „Меџик Сити“ во Атланта во четвртокот вечерта, со пијалок во рака и маска на лице. Фотографијата, објавена на профилот на американскиот рапер Џек Харлоу на Инстаграм, подоцна беше избришана. Вилијамс на НБА лигата кажал дека отишол на вечера таму по погребот, пишува „ЕСПН“.