Connect with us

Фудбал

„БИЛД“ тврди: Бомбастичен план за Ерлинг Халанд

Ерлинг Халанд наредното лето би можел во Баерн Минхен, доколку Роберт Левандовски замине.

Наводно, Баварците веќе подготвиле преддоговор за норвешкиот напаѓач, но и неговиот менаџер Мино Раиола, кој е сака да го однесе во Манчестер Сити, кој исто така е сериозно заинтересиран.

Според вчерашното пишување на англиски Тајмс, Раиола веќе го договорил првиот состанок со цел да започнат преговори за трансфер во Манчестер Сити, но се чини дека Баерн сериозно би можел да ги вклучи во оваа трка.

Покрај „Билд“, некои германски медиуми ја донесуваат веста дека Халанд и претходно имал тајни преговори со Баерн, па сигурно ќе биде интересно лето во 2022 година во врска со оваа фудбалска „сапуница“.

Договорот на Халанд со Борусија важи до 2024 година, а од следното лето ќе може да се активира откупната клаузула во износ од 75 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама