Фудбал
Билетите за финалето на Купот на Италија се распродадени, приходите рекордно високи
Распродадени се сите билети за финалето на Купот на Италија помеѓу Јувентус и Интер . Стадионот „Олимпико“ ќе биде испрскан по шевовите, а 68.000 навивачи на двата тима ќе ги бодрат своите тимови од трибините, пренесува „Гаџета дело спорт“.
На овој начин беше поставен рекорд за приходи од билети на овој турнир. Иако бројката се уште не е официјално објавена, се очекува таа да биде над 5 милиони евра.
И двата клуба ќе добијат солидни приходи од учеството во финалето. Победникот ќе заработи 4,5 милиони евра, додека поразениот ќе се задоволи со 2 милиони евра во својата каса.
За победникот ќе има дополнителен бонус, бидејќи следната сезона ќе обезбеди пласман во финалето на италијанскиот Суперкуп, каде наградниот фонд е 3 милиони евра.
Пред почетокот на натпреварот ќе биде изведена националната химна на Италија, овојпат задачата и беше доверена на познатата пејачка Ариса, која победи на фестивалот Санремо во 2014 година и е жири во локалната верзија на X Factor.