Фудбал
Битките во Лигата на нации продолжуваат
Со дел од возбудливи пресметки денеска продолжуваат битките на турнирот во Лигата на нации. Најголем интерес предизвикуваат две средби. Тоа се Франција – Данска и Белгија – Холандија, кои ќе се одржат од 20.45 часот.
Светскиот шампион Франција е во серија од седум последователни победи, без пораз од ЕП 2020 кога загуби од Швајцарија по изведување пенали. Франција има добра статистика против Данска и се очекува да не ја расипе.
Регионалното дерби меѓу Белгија и Холандија ќе биде жешко и на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел. „Црвените ѓаволи“ веќе осум последователни натпревари немаат пораз од соседите и ќе се обидат да ја продолжат оваа традиција.
Друг интересен натпревар е против Хрватска и Австрија, а на кормилото на Австријците дебитираше поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник.
Сигурно ќе имаме уште една интересна фудбалска вечер и на навивачите дефинитивно нема да им биде досадно.