Connect with us

Други спортови

Битолчани куглаат во куглана без лиценца и лоши услови, а стигнаа до Светски куп во Германија

Иако Битола важи за еден од градовите кои имаат долга кугларска традиција, од пред 11 месеци КМФ забрани официјални натпревари во куглање во Битола поради неисполнување на условите.

Кугларскиот клуб Пелистер 1982 пишува нова страница во својата историја, откако за првпат ќе учествува на на светскиот куп во Лудвигсхaфен, Германија кој ќе се одржи по 31. пат од 1 до 5 октомври оваа година.

Но, објавувајќи го овој голем спортски настан и успех за нив, тие не пропуштија да соопштат дека тренираат и куглаат во тешки услови, а кугланата на кугларскиот клуб се уште не е лиценцирана.

-Се надевам дека таму никој нема да не праша каде тренираме, бидејќи ќе ни биде срам да одговориме немаме лиценцирана куглана две децении. Во таа кугларска елита ќе играме со клубови кои имаат буџети колку ние што имаме за 30 или 40 години, а оние најдобрите – колку ние за еден век од прилика и повеќе. Пусти спортски инает, некогаш чуда прави, напишаа по објавувањето на големиот успех.