Connect with us

Други спортови

Бизарна ситуација на Светското првенство: Таа славеше сребро, а потоа и беше доделен златен медал

Светското првенство во алпско скијање треба да биде сериозно натпреварување, но по денешната ситуација, организаторите добро ќе размислат за некои дисциплини и регулативи.

Во паралелниот велеслалом во финалето славеше Марта Басино. Поточно, таа имаше исто време со Катарина Линсбергер, но беше побрза во второто возење.

Сепак, Австриската скијачка федерација „нурна“ во правилата во кои тие најдоа точка каде што се признава само паралелен резултат, односно резултатот од последното возење, каде што Басино и Линебсергер во овој случај имаа исто време, што значи дека се доделува златен медал за двете натпреварувачки.

Линсбергер беше изненадена од оваа одлука, Басино не беше вознемирена, но затоа и зададе главоболки на ФИС, бидејќи паралелниот велеслалом е сè по непожелен меѓу љубителите на алпско скијање.