Фудбал
Благоја Милевски добива отказ, веќе му била соопштена веста, Македонија ќе има нов селектор?!
Селекторот Благоја Милевски добил отказ. Оваа вест ја објави порталот Спорт1 повикувајќи се на извори на ФФМ. Како што тврди порталот до крајот на неделата ФФМ ќе ја обелодени веста во јавноста.
„Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“,пишува Спорт1.
Ова доаѓа неполн месец по дебаклот на гостувањето на „Олд Трафорд“ и поразот од Англија со 7:0.