Connect with us

Фудбал

Бледа партија на Рома во Гент е доволна за осмина финале

Фудбалерите на Рома вечерва извлекоа реми против Гент (1:1) и некако успеаја да се изборат за пласман во осмина финалето од Лига Европа.

Рома го совлада Гент во првиот натпревар на домашен терен со 1:0, а вечерва ремито ги донесе понатаму, иако белгискиот тим даде се од себе за да стигне до осмина финалето.

„Волчицата“ добро го отвори натпреварот и се закани уште во првата минута кога Коларов ја погоди стативата. Но, после тоа Гент играше многу подобро и создаде неколку големи шанси, но резултатот остана 0:0.

Сепак, домашната екипа го презеде водството во 25. минута од натпреварот. Безус брилијантно го проигра Давид, кој излезе сам пред Лопез и ја затресе мрежата на Рома.

Но, славењето на домашната екипа не траеше долго бидејќи Рома израмни на 1:1 само четири минути подоцна. Мхтарјан имаше одлична асистенција за Клуиверт, кој го совлада голманот на домашната екипа од врвот на шеснаесетникот.

Гент даде се од себе во продолжението на натпреварот да се стигне до втор гол. Домашните создадоа неколку навистина добри шанси, но никогаш не успеаја да го совладаат Лопез.

Рома играше како што треба и беше јасно дека играчите на Рома само сакаа да ја задржат својата мрежа недопрена и дека се задоволни од резултатот 1: 1 што не се смени до крајот на натпреварот.

Останати резултати:

Базел – Апоел – 1:0
Еспањол – Волвс – 3:2
Гент – Рома – 1:1
ЛАСК – Алкмар – 2:0
Малмо – Волфзбург – 0:3
Порто – Б. Леверкузен – 1:3